2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Кина идната година ќе претстави нова генерација автономни возови

Kabtel desktop

Кина сака во 2020 година да претстави нова генерација брзи „маглев“ возови, соопштија кинеските медиуми. Но, оние кои чекаат возови со рекордна брзина ќе мора уште да почекаат затоа што новите возови ќе бидат со средна брзина, но тоа не значи дека не се импресивно брзи.

Возовите ги развива кинеската компанија CRRC Zhuzhou Locomotives Co. Ltd. и тие ќе бидат треба генерација „маглев“ возови. Новиот прототип ќе достигнува брзина од 200 км/ч, што е за 40 км побрзо во однос на верзијата 2.0 и дупло побрзо во однос на генерацијата 1.0.

CRRC Zhuzhou е подружница на China Railway Rolling Stock Corporation, еден од најголемите производители на возови во светот. Верзијата 1.0 веќе две години се користи во Чангси, главниот град на кинеската провинција Хунан, а верзијата 2.0 се склопува и се тестира во овој град. Меќутоа, ниеден од возовите не може да функционира без човек контролор, додека новиот воз ќе може да функционира целосно автономно.

Возовите „маглев“ со средна брзина се дизајнирани да го подобрат градскиот транспорт, додека прзите возови примарно се користат за поверзување големи градови. Потивки се од 70 децибели, односно од просечна правосмукалка. Третата генерација „маглев“ возови ќе има поголем капацитет, но и подобри перформасни на угорнини.

На пример, новите возови ќе можат да се искачат на висина еднаква на една четирикатница за само 100 метри. Новиот воз ќе има и помоќен „мозок“ од претходникот, поради што автопилотот ќе биде побезбеден. Кога ќе завршат сите тестирања, новиот „маглев“ веројатно ќе се користи на растојанија од 50 до 200 км.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •