12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Путин сака да направи сопствен Интернет издвоен од остатокот од светот

Русија изминатите неколку години малку по малку воведува се построги правила за употреба на Интернетот. Иако контролата е далеку од таа во Кина, големите информатички компании мора да се прилагодуваат и да ги почитуваат руските закони или да ризикуваат да бидат исфрлени од земјата.

Но, изгледа дека во Кремљ ќе отидат и чекор понапред. Рускиот претседател, Владимир Путин, гоподдржува предлог законот наречен „Суверен Интернет“, кој би ги поставил основите за создавање руски Интернет. Попрецизно, севкупниот сообраќај во рускиот сајбер простор би се контролирал во главен контролен центар.

Така би можеле да се блокираат или да се цензурираат непослушните корисници, но и да се контролираат сите информации кои се објавуваат и каде се објавуваат. Од Кремљ се правдаат дека тоа е одбранбен одговор на новата американска сајбер стратегија која дозволува офанзивни мерки пторив Русија и другите земји од каде што доаѓаат сајбер нападите или заканите.

Исто така, Рунет, како што би се викал новиот Интернет, би можел да функционира дури и ако САД се обиде да воведе дигитална изолација на Русија. Но, вторив предлогот се корисниците и операторите , кои сметаат дека тоа и не е најдобро решение. Корисниците предупредуваат дека воведувањето на Рунет уште повеќе би ја ограничило нивната слобода, додека операторите истакнуваат дека таквиот алтернативен Интернет би чинел повеќе милијарди рубљи.

Експертите за компјутерска безбедност предупредуваат дека создавањето на централизиран Рунет би ја направило Русија уште поранлива затоа што би постоело едно централно место кое ќе треба да се нападне за целиот Рунет да престане со работа. Исто така, истакнуваат дека системите за надзор и филтрирање на содржините, кои би требало да се распоредат по Рунет, можат да придонесат за забавување на протокот на информации. И тоа не само во Русија, туку и во остатокот од светот.

Иако Путин и неговите истомисленици заговараат воведување на овој закон, прашањето е дали тој ќе заживее и во пракса и по која цена.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •