Финска ќе забрани употреба на јаглен од 2029 година

- Advertisement -

Финска го помести крајниот рок за исфрлање од употреба на јагленот за една година и си зададе нова цел – 1 мај 2029 година. Потоа јагленот ќе биде забранет да се користи како извор на енергија освен во итни случаи. Како што пренесува Ројтерс, финскиот парламент го одобрил владиниот предлог да се забрани употребата на јаглен како енергетски извор.

Тоа нема да има драматичени ефекти врз земјата бидејќи јагленот заземал само 8% од вкупната консумација на енергија во Финска во текот на првите девет месеци од 2018 година, но сепак е битен чекор напред.

- Advertisement -

„Ова беше планирано подолго време, а сега беше и одобрено. Датата на која стапува на сила забраната е 1 мај 2029 година. Тоа е легислатива за забрана на јагленот како извор на енергија“, велат од парламентот.

Оваа забрана следува откако финскиот министер за животна средина, Кимо Тиликаинен, претстави низа нови мерки кои откриваат точно како Финска ќе ја достигне таа цел. Според некои извори, мерките може да вклучуваат нова низа субвенции за да се поттикнат енергетските компании да ги исфрлат од употреба фосилните горива. Сепак, овој закон не нуди компензација за компаниите кои имаат фабрики за јаглен. Но, како што велат од парламентот, периодот од десет години бил доволен за компаниите да си го реорганизираат бизнисот.

- Advertisement -

Во април минатата година Тиликаинен објасни дека мора да се намали емисијата на стакленички гасови многу побргу од планираното со цел да се стопираат климатските промени. Во тоа време мерките кои ги предложи тој вклучуваа пакет субвенции вредни околи 90 милиони евра за поддршка на компаниите кои сакаат да престанат да го користат јагленот до 2025 година со цел да се поттикнат инвестициите во обновлива енергија.

 

Сподели!
- Advertisement -