Пластичниот отпад предизвикува хормонски пореметувања и проблеми со репродукцијата кај морските животни

- Advertisement -

Загадувањето со пластика станува огромен проблем за живиот свет во океаните и морињата. Организмите кои внесуваат пластика во организмот потоа имаат проблеми со хормонски пореметувања и проблеми со репродукцијата кои имаат лоши последици врз целосното здравје, покажува најновото истражување.

Животинскиот свет на целата планета е во опаснот поради пластичните загадувачи наречени хемикалии кои го пореметуваат ендокриниот систем (РСВ). Не се знае многу за тие хемикалии и како влијаат на морскиот свет, иако научниците ги истражуваат со години.

- Advertisement -

Според The Guardian, китовите-убијци, на пример, имаат голема количина од овие хемикалии во својот организам. Тие хемикалии беа честа состојка кај пластичните производи се до глобалната забрана во 2004 година. Научниците следеа група китови-убијци во близина на брегот на Шкотска и открија PCB во нивниот систем. Тие китови немале потомство во текот на 25-годишната студија.

Научниците проценуваат дека популацијата на китовите „орка“ во светот ќе се намали на половина во наредните 100 години поради високите нивоа на PCB во морската вода. Иако тие хемикалии се забранети, сепак стигнуваат до океаните и морињата преку депониите и другите места со отпад. Морскиот животински свет е подложен на PCB поради количината масти кои ги имаат во телото и поради тоа во поголеми количини ги апсорбираат токсичните хемикалии.

- Advertisement -

„Ја анализираме можната изложеност на морскиот животински свет на овие хемикалии и уште собираме докази за токсичноста“ велат од Зоолошкото општество на Лондон.

Кога китовите ќе ги внесат тие хемикалии во организмот, ги пренесуваат на потомството преку млекото кое го цицаат. Циклусот се повторува се додека нивоата на PCB не достигнат точка кога влијаат на репродукцијата. Некои китови орка во својот организам имале 100 пати повеќе PCB отколку што е безбедно, а сите тие хемикалии биле наталожени во нивните масни ткива.

- Advertisement -

Иако хемикалиите имаат глеми штетни ефекти врз животиснкио свет, се уште не се познати целосните последици. Освен тоа, истражувачите ги немаат анализирани штетните ефекти на овие хемикалии кај луѓето. Научниците веруваат дека е потребно подлабинско истражување за да се утврди точно зошто овие хемикалии влијаат на репродуктивните системи кај морските животни.

Сподели!
- Advertisement -