19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Њујорк презеде иновативни мерки за справување со отпадот од облека

Kabtel desktop

Њујорк има иновативен план за борба со фрлањето облека. За да спречи старата облека да не заврши на депонија, градот стартуваше акција со која до 9 јуни 2019 година може да се остави старата облека во продавници и на повеќе специјално наменети локации во Њујорк.

Направена е онлајн мапа на која се обележани повеќе од 1.100 локации кои се дел од акцијата. Проектот е дел од глобалната иницијатива Make Fashion Circular за реупотреба и рециклирање на облеката.

Секоја година во Њујорк се фрлаат 90 милиони килограми облека, што е доволно за да се направат 440 Статуи на слободата. На глобално ниво, 73% од материјалите кои се користат за изработка на облека на крајот од нивниот животен век завршуваат на депонија или се спалуваат.

Три од пет парчиња облека кои се купуваат во текот на годината потоа се фрлаат во отпад, а само 1% од старата облека се користи за изработка на нова облека. Покрај тоа, за изработка на нова облека годишно се сечат 120 милиони дрвја. Потребни се нови бизнис модели за да се спречи креирањето отпад од модната индустрија.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •