5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Ова се топ десет градови за стартување бизнис во САД

Kabtel desktop

Било да сте претприемач кој сака да лансира стартап или директор на компанија кој не знае каде да отвори канцеларија, многу е битно да знаете кои се жешките локации за водење бизнис. Благодарение на индексот Surge Cities Index, магазинот Inc. и компанијата за иновации Startup Genome составија листа од топ 50 градови во САД базирано на седум клучни индикатори како опции за финансирање во раните фази до креирање работни места. Во продолжение можете да прочитате кои се топ 10 градови во САД за бизнис.

1.Остин

Остин расте четири пати побрзо отколку Силиконската Долина и привлекува таленти и стартапи од цела Америка. Некогаш бил познат како магнет за неработници, како светска престолнина на живата музика и дом на Универзитетот Тексас. Градот се уште привлекува многу луѓе со разумните трошоци за живот, сончевото време и едуцираната популација, но денес центарот на градот со 2,1 милиони жители расте побрзо отколку Сан Хозе или Сан Франциско и привлекува многу претприемачи. Технолошките гиганти како Google, Facebook, Amazon и Dropbox имаат свои претставништва, а во декември минатата година Apple, која веќе има второ најголемо претставништво во Остин, најави дека ќе инвестира 1 милијарда долари во нов кампус кој ќе отвори 15.000 работни места.

2. Солт Лејк Сити

Мормоните, скијањето и технолошките еднорози ги колонизираа Силиконските Падини, регион кој има најголем број брзорастечки компании. Познат како крстосница на Западот, затоа што првата трансконтинентална железница и првиот трансконтинентален автопат поминуваат низ Солт Лејк Сити, овој планински град исто така има ново име – Силиконски Падини. Технолошките гиганти како Adobe, Electronic Arts и Oracle имаа седишта таму. Домашните интернет-бизниси, како Ancestry.com и Omniture сега вработуваат илјадници луѓе и генерираат милијарди долари приходи. Претприемачите доаѓаат тука главно од два универзитетит – Бригам Јанг или Јута Вели. Луѓето се преселуваат во Солт Лејк Сити не само поради одличното скијање, туку затоа што е животот тука е поевтин од други технолошки центри. Во изминатите неколку години градот доби пет нови стартапи вредни повеќе од 1 милијарда долари.

3. Рајли

Главниот град на Северна Каролина е полн со стартапи кои развиваат софтвер. Градот порано познат по тутунската и текстилната индустрија сега е ревитализиран и е дом на бројни брзорастечки стартапи, вклучувајќи го и производителот на бизнис софтвер Pendo, кој годинава ја комплетираше серијата D со 50 милиони долари. Како и многу други стартапи, оваа компанија почнала со работа од коворкинг просторот HQ Raleigh, кој нуди флексибилни цени за наем и пристап до ментори. 47% од локалниот базен на таленти имаат најмалку универзитетска диплома, а многу од нив студирале на престижни универзитети како Дјук, Универзитетот на Северна Каролина или Државниот универзитет на Северна Каролина.

4. Нешвил

Многу болници пристуни во оваа Мека на музиката го направија градот привлечен за нешто друго – стартапи на полето на здравството. Сега во Нешвил има повеќе од 20 кампуси на колеџи и универзитети, најмногу цркви по жител во САД и развиена музичка индустрија, која е главниот извор на раст, но најбитната индустриска гранка во градот зависи од еден непобитен факт, а тоа е дека сите се разболуваме или умираме. Шест од десетте најпрофитабилни болнички синџири во САД имаат седишта во Нешвил, како и повеќе од 800 други компании од здравството. Сега има и голем бран на стартапи кои работат на истото поле.

5. Сан Франциско

Сан Франциско доживува процут на иновациите, но нема креирање многу нови работни места. Сега стартапите одат во Оукленд и подалеку од Западниот брег. Можеби Силиконската Долина треба да добие нови име. Иако е дом на многу стартапи, технолошкиот центар е преселен на 50 км северно од Сан Франциско. Заливот сепак ги има некои од најголемите технолошки имиња како Uber, Airbnb и Slack, но поради кратењето на работната сила, како резултат на работата во облак, компаниите немаат потреба од големи простории или ги аутсорсираат своите услуги. Друга главна причина за напуштањето на заливот се астрономските цени на недвижностите.

6. Сан Хозе

Овој град денес ги има највисоките цени на домови во САД, а технолошшките гиганти бараат алтернативни канцеларии. Пред педесет години плодната почва меѓу Санта Круз и планините Диабло била покриена со овоштарници за кајсии и цреши, а денес три од највредните компании во светот – Apple, Google и Facebook – се на нивно место. Додека тие компании и Универзитетот Стенфорд обезбедуваат постојан извор на таленти и идни основачи на стартапи, нивната големина го стопира растот на стартап екосистемот. Недостигот од простор и домови ги принуди гигантите да станат покеративни – Facebook, на пример, планира да смести 5.000 вработени во зградите на Mountain View WeWork во близина на кампусот.

7.Сан Диего

Биотехнологијата, авиоиндустријата и 157-те пиварници ја одржуваат стартап заедницата во овој град. Во Сан Франциско можеби има најмногу софтверски компании, но најјужниот град во Калифорнија е центар на стартапи кои се занимаваат со животни науки и авиоиндустрија. Претприемачите можат да земат таленти од Универзитетот на Калифорнија, од кампусот Сан Диего и од околните воени бази. Во 2012 година локалниот инкубатор EvoNexus помогна да се отвори коворкинг просторот Vine и оттогаш досега неколку биотехнолошки компании собраа милиони долари инвестиции или беа листани на берза. GoFundMe, платформата за групно финансирање, сега има седиште во Сан Диего. Во градот има 24 инкубатори и акцелератори.

8. Денвер

Миленијалците се доселуваат во овој град и тоа не само поради марихуаната. Последниот Workforce Report извештај на LinkedIn покажа дека овој град во државата Колорадо, после Остин, е вториот град во САД во кој најмногу се преселуваат 20 и 30-годишници. Најзастапени се стартапите кои се занимаваат со вештачка интелигенција и машинско учење, како и блокчеин технологијата и криптовалутите. Иако индустријата за канабис зазема мал дел од новите бизниси во Колорадо, фондот за ризичен капитал во компании за канабис CanopyBoulder инвестира во компании кои се занимаваат со канабис, меѓутоа не со негово одгледување. Канабис стартап сцената на Денвер има вкупно 222 диспанзери, 292 фарми за огледување марихуана во внатрешни услови и стартапи како Front Range Biosciences.

9. Орландо

Местото кое е најмногу познато по Disney сега е средиште за индустрии за бубалици и нов дом за раселените Порториканци. Додека туризмот и градежната индустрија се главни двигатели на економијата цо централна Флорида, Орландо стана вистински технолошки центар. Во градот има повеќе од 200 компании од авиоиндустријата, кои годишно склучуваат договори вредни повеќе од 4 милијарди долари. Во текот на изминатите четири години Орландо направи напори да создаде подобри услови за стартапи со двата коворкинг простори Canvs и Catalyst и неколку фондови за зачетни фази и акцелераторски програми.

10. Портланд

Ова можеби е градот кој е дом на Nike, но градот има и повеќе софтверски стартапи и нови брендови за облека. Овој град има репутација дека е рај за љубители на храна – има вински барови и одлични ресторани, а нови се отвораат секоја недела. Но, најголем креатор на нови работни места е градежништвото. Иако локалната индустрија за канабис привлекува доста внимание, двата сектори кои е проектирано да растат најмногу идните десет години се здравството и производството на компјутери и електроника.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •