5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Парламентот на Велика Британија изгласа одложување на Брегзит

Kabtel desktop

Пратениците во парламентот на Велика Британија гласаа и изгласаа одложување на Брегизт, кој беше закажан за 29 март. Имено, за пролонгирање на рокот за излегување на Велика Британија од Европската унија гласаа 412 пратеници, додека 202 беа против.

Но, битно е да се истакне дека Брегзит само технички се одложува до 30 јуни, а овој период се смета за оптимален за услогласување на сите детали околу Брегзит. Со оглед на прологнирањето на датумот за Брегзит, Велика Британија ќе учествува на претстојните европски избори.

Европската унија не мора да го послуша Лондон, па сега се чека одговор од Брисел на оваа желба на Обединетото Кралство.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •