17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Се проширува опфатот на фирми кои може да добијат државна поддршка

Kabtel desktop

Проширување на опфатот на компаниите и поедноставување на постапката за аплицирање е целта на предлог измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Оваа година предвидени се и 47 проценти повеќе средства од лани во буџетот на државата или над четири милијарди денари.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната дискусија во Владата по повод Предлог законот истакна дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите што беше донесен лани, во мај покажа одлични резултати.

„Повторно законот е фокусиран на индустријата, на производните линии, но сега се овозможува поширок опфат. Се менува и делот на аплицирање. Аплицирањето беше до 31 јули, сега го прошируваме да може да се аплицира до 30 септември за да може компаниите посоодветно да ги подготват своите апликации, а исплатата на финансиската помош за претходната година ќе биде до крајот на буџетската година, до 25 декември“, рече Анѓушев.

Со измените опфатот на компаниите што може да ги користат се проширува на земјоделството и тоа на стимулирање отворање фабрики за преработка на земјоделски производи, со што се создава дополнителна додадена вредност, потоа финансирање на производство од нематеријален карактер, а тоа се компании од ИТ технологија што развиваат софтвери за продажба. Со законот се овозможуива и тие компании кои досега имале трговска дејност, а се одлучиле да прават производство да може да користат финасиска поддршка од државата.

Се прават дополнителни олеснувања и за текстилната и кожарската иднустрија, и ако досега тие мораа да задоволат два услова – зголемување на приходите и ненамалување на бројот на вработени, сега со оглед, вели, на состојбите во економијата и недостиг на квалитетна работна сила, се доволува тие да задоволат еден од условите во рамки на пет години.

На дискусијата меѓу другите присуствуваа  и претставници на стопанските комори во земјата кои изразија поддршка за измените, а најавија дека дополнително ќе достават нивни сугестии.

Лани за финансиска поддршка на инвестициите биле потрошени сите средства предвидени со буџетот од околу 35 милиони денари. Од нив помош добиле 250 компании, од кои сто домашни компании директно по Законот за финасиска поддршка на инвестициите. Потоа сите компании кои потпишале договори со нашата држава а кои продолжиле да се спроведуваат, а се потпишани и нови 19 договори со директни странски инвеститори врз база на Законот. Останатите средства се пласирани преку Фондот за инвестиции и технолошки развој и таму, каде исплатата се спроведува согласно напредокот на проектитите и ревизорски извештаи на компанијата.

Предлог законот треба да биде усвоен на Влада по што ќе биде проследен до Собранието каде се очекува да биде донесен до крајот на месецот за предложените измнеи да бидат ставени во функција на стопанството.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •