14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Научници развија робот преведувач кој овозможува рибите и пчелите да разговараат меѓусебе

Kabtel desktop

Научници открија начин за комуникација меѓу сосема различни животински видови – рибите и пчелите – со помош на робот преведувач. Користејќи комбинација од роботи шпиони и терминали – едни во колонија пчели, а други меѓу јато риби – истражувачите успеаја да фатат сигнали од двата различни животински видови и да ги преведат на јазик кој можат да го разберат и едните и другите.

Терминалот во колонијата пчели комуницирал со флуктуација на температурата на воздухот, движење и вибрации, додека роботот шпион поставен во јатото риби ја менувал бојата, брзината и движењето. Како резултат на тоа пчелите почнале да се ројат во темриналот, додека рибите почнале го менуваат правецот на движење, пливајќи во спротивен правец од стрелките на часовникот.

Роботите се однесуваа како да се преговарачи и преведувачи на интернационална конференција. Преку размена на информации, двете групи животински видови дошле до заедничка одлука“ вели Франческо Мондада, професор на BioRob.

Иако идејата за комуникација меѓу сосема различни животински видови повеќе личи како забавна вежба отколку вистинска наука, истражувачите велат дека роботите преведувачи имаат вистинска примена во реалниот свет на биолошки истражувања.

„Ова е прв пат луѓето да користат ваква технологија и два различни животински видови да комуницираат меѓусебе. Тоа е доказ дека роботите можат да служат како медијатори во интеракцијата меѓу различни групи животни“ вели биологот Симон Гарние од Институтот за технологија во Њу Џерси.

Но, научниците предупредуваат дека ова истражување има двоjни бенефити. Откритието може да им помогне на инженерите за роботика да ги разберат и да ги адаптираат биолошките сигнали од различни животински групи. Освен тоа, податоците можат да помогнат за подобро разбирање на интеракцијата меѓу животните.

Од еден пофутуристички аспект на истражувањето, напредокот на овој тип роботска технологија може да помогне да се развијат видови интелигентни роботи кои биолозите ќе можат да ги користат за да ги променат животите на животните на подобро. Попрецизно, технологијата ќе може да се искористи за предупредување на животните да се држат подалеку од загадени води или други опасни услови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •