29 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Европскиот парламент гласа за укинување на летното сметање на времето

Kabtel desktop

Европскиот парламент мибнатата година го поддржа предлогот за укинување на летното сметање на времето, односно поместувањето на часовникот за еден час за да се продолжи денот. Според предлогот, змејитешчленки на ЕУ од 2021 година ќе треба да престанат двапати годишно да го поместуваат часовникот напред или назад и да изберат или летно или зимско сметање на времето.

Според сегашната ЕУ директива, сите 28 земји-членки се префрлаат на летно сметање на врењмето последната недела од март и се враќаат на зимксото сметање на времето последната недела во октомври. Ова сметање на времето го има прифатено и Македонија.

Европската комисија го усвои предлоготот за едно сметање на времето минатата година, откако јавната анкета покажа дека 84% од испитаниците се за укинување на оваа промена на сметањето. Денес парламентот гласа за укинување на летното сметање на времето, но и да се усвои, тоа нема да биде толку едноставно. Земјите-членки ќе мора да го координираат својот избор – летно или зимско сметање – за да се минимизира ризикот од нарушување на економијата поради различните временски системи.

Летното сметање на времето беше задолжително во ЕУ од 2001 година досега и имаше за цел да овозможи интерниот пазар во ЕУ да функционира полесно и да се намалат трошоците за енергија. Беше прифатено дека помалите временски разлики ќе ја олеснат прекуграничната трговија и патувањето во ЕУ, а дополнителните часовни дневна светлина налето ќе го намалат тропокот за вештачко осветлување и ќе овозможат повеќе надворешни активности.

Но, се покажа дека заштедата од валвата промена на сметањето на времето е минимална и некои од најголемите трговски партнери на ЕУ, како Кина, Русија и Турција, не го користат тоа летно сметање на времето. Доколку се усвои предлогот, земјите-членки кои ќе го изверат летното сметање на времето како постојано последен пат ќе го сменат времето последната недела во март 2021 година, а тие кои ќе го изберат зимското сметање на времето последен пат ќе го поместат часовникот последната недела од октомври 2021 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •