-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Лондон е најдобра туристичка дестинација за 2019

Kabtel desktop

Лондон е избран за најдобра туристичка дестинација за 2019, според годишното истражување на сајтот „Трипадвајзор“.

Победникот беше одлучен врз основа на алгоритам што анализира милиони рецензии и оценки на хотели, ресторани и на туристички атракции, собрани на сајтот за период од една година.

Париз го зазеде второто место, па следуваат Рим и грчкиот остров Крит. Њујорк, кој долго време важеше за фаворит на туристите, целосно испадна од најдобрите десет и сега е 13-ти.

Лондон лани беше втор и од „Трипадвајзор“ велат дека можеби напредувал благодарение на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.

Глобалната фасцинација со Хари и Меган имаше моќен ефект, па Лондон за првпат од 2016 година се најде на првото место. Имајќи предвид дека тие очекуваат бебе, нема да биде изненадување ако Лондон го задржи овој статус и во 2020“, изјави портпаролката на „Трипадвајзор“, Хејли Колман.

Топ-10 листата ја дополнуваат Бали, Пукет, Барселона, Истанбул, Маракеш и Дубаи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •