Европскиот Парламент го поддржа контроверзниот сет закони за авторски права, за кои активистите за слободата на интернетот  сметаат дека ќе предизвикаат големи промени во природата на интернетот.

Со новиот закон е предвидено компании како Јутјуб и Фејсбук да носат одговорност за материјал со заштитени авторски права кој е поставен на нивните странции. Тоа значи дека овие сервиси ќе мора да  гарантираат дека материјалот кој го објавиле не е спорен поради авторски права. Тоа ќе ги зголеми и трошоците на самите компании, но и опасноста дека може да бидат казнето поради постававување на одредени материјали.

Новата легислатива предизвика најмногу полемики околу членовите 11 и 13.

- Advertisement -

Со членот 11, наречен и „данок за линк“, се задолжуваат компаниите како Гугл да плаќаат за користење на линкови од публикациите чии содржини ги пласираат преку агрегатор, како на пример со сервисот Гугл Њуз.

Со членот 13, кој од критичарите беше наречен „аплоуд филтер“, компаниите ќе бидат одговорни за материјалите кои ќе бидат објавувани на нивните платформи без соодветно регулирани авторски права. Тоа практично ќе значи дека платформите ќе мора да ставаат филтри за содржината пред таа да се прикачи. Сепак со овој член не се опфатени „клауд“ складирањата, како и содржини кои спаѓаат во сферата на пародија. Европскиот Парламент заклучи дека мемињата, кратките вирални видео клипови ќе бидат специфично исклучени од директивата, иако не е познато како тоа технолошките компании ќе можат да го применат во пракса ако воспостават филтер за содржини.

View image on Twitter

Julia Reda

@Senficon

Dark day for internet freedom: The @Europarl_EN has rubber-stamped copyright reform including and . MEPs refused to even consider amendments. The results of the final vote: 348 in favor, 274 against

- Advertisement -
 Музичарите и креаторите велат дека новите закони ќе придонесат за многу пофер компензација за уметниците, додека критичарите велат дека овие промени ќе ги уништат содржините генерирани од корисниците на интернет страниците.

Законските директиви беа изгласани од европратениците со 348 гласови „за“ и „278“ гласови продив.

RadioMOF.mk