НАСА плаќа 16.500 евра за да лежите во кревет и да гледате телевизија по цел ден

- Advertisement -

НАСА на волонтерите им плаќа по 16.500 евра за да гледаат телевизија во кревет два месеци за да ги тестира предностите на вештачката гравитација. Доброволците ќе имаат телевизор, материјал за читање и други активности за да не им биде досадно.

Учесниците во ова истражување на НАСА ќе лежат во специјализирани кревети два месеци за да тестираат како влијае вселенскиот лет на човечкото тело. Пријавувањето за оваа работа е до 24 мај, а тестирањето почнува во септември.

- Advertisement -

Волонтерите ќе имаат телевизори и материјал за читање, а за сето тоа ќе им платат 16.500 евра. Но, како и за се друго, има одредени услови и за оваа работа. Поточно овде има само еден услов, а тоа е се што ќе правите – од јадење до одење во тоалет – да го правите лежејќи.

Како што велат, истражувањето ќе им помогне да откријат како бестежинската состојба, космичкото зрачење и просторната ориентација влијаат на астронаутите. Истражувањето ќе го анализира и пропаѓањето на мускулите, кое се случува кај астронаутите кои подолго време се во вселената.

- Advertisement -

„Научниците ќе проверат дали употребата на вештачка гравитација е најдобро решение за заштита на човечкото здравје при долготрајни вселенски мисии” велат од НАСА.

Освен тоа што ќе имаат слободно време на претек, организаторите на студијата на идните волонтери им препорачуваат да ги искористат тие два месеци за онлајн курсеви и стекнување нови вештини. Волонтерите ќе лежат во кревет 60 дена, при што телото ќе им биде благо закосено, стапалата малку подигнати, а главата спуштена.

- Advertisement -

Половина од волонтерите ќе одат на центрифуга во лабораторија, каде што ќе се движат со брзина од 30 вртежи во минута. Откако ќе заврши истражувањето, експертите ќе проверат дали кај учеснциите се намалило губењето на мускулната маса. Научниците се надеваат дека оваа техника ќе им помогне на астронаутите во идните мисии во вселената.

Пријавите се испраќаат на германски јазик, а истражувањето ќе трае вкупно 79 дена. Волонтерите пет дена ќе ја запонаваат програмата, потоа ќе лежат 60 дена, па ќе одмораат 14 дена.

Сподели!
- Advertisement -