10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Скопје се приклучи на програмата „Зелени градови“ на ЕБРД

Kabtel desktop

Скопје е првиот град од Северна Македонија кој се приклучи на програмата на Европската банка за обнова и развој за позеленување на урбаните површини и развој на акционен план за справување со предизвиците на климатските промени.

Програмата ќе му помогне на Скопје да ги идентификува, да ги приоритизира и да се соочи со најитните предизвици на климатските промени, велат од ЕБРД. Акциониот план ќе биде мапа за надминување на еколошките и инфраструктурните бариери.

Програмата „Зелени градови“ вреди 950 милиони евра и нуди сеопфатен бизнис модел за зелен урбан развој во комбинација со стратешко планирање со инвестициите и техничка помош. „ЕБРД сака да ги зголеми инвстициите во зеленило во Европа на 40% од вкупните инвестиции до 2020 година, во согласност со обврските договорени на Парискиот климатски договор во 2015 година“ велат од банката.

Во јануари годинава од ЕБРД истакнаа дека ќе позајмат 10 милиони евра на компанијата за јавен транспорт во главниот град на Северна Македонија за да се финансира купување на 35 автобуси кои возат на копресиран гас.

Минатиот месе кантонот на Сараево се приклучи на програмата „Зелени градови“. Сараево е третиот босански град после Бања Лука и Зеница. Во декември, пак, романскиот град Крајова стана првиот град од оваа земја кој се приклучи на програмата „Зелени градови“.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •