18 C
Skopje
четврток, август 13, 2020

Кинези во Далмација градат фабрика за автомобили

Kabtel desktop

Кинезите ќе ја преродат долината на Неретва. Освен што наголемо работат на градилиштето на Пелешкиот мост, Кинезите наскоро треба да почнат и со други големи проекти – фабрика за електрични автомобили и скутери во деловната зона на Ново Село, во досега прилично неразвиената неретванска општина Кула Норинска.

Таа ситуација секако ќе ја промени компанијата Green Tech Group, која во Задар ја регистрираше Кинезот Карл Сонг со хрватските претприемачи Младен и Антониј Нинчевиќ. Компанијата треба да почне со склопување електрични возила за пазарите на Централна и Источна Европа.

Армијата невработени луѓе, речиси 3.000, во заводите за вработување во регионот со големо одушевување ја дочека веста дека почнала работатата на инфраструктурата во идната индустриска зона, со што овој капитален проект навистина стартуваше на терен. За почеток би се вработиле 20-ина работници, меѓутоа кога инвестицијата ќе се заокружи, на различни работни места ќе може да се вработат до 500 работници.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •