12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

По три години, заврши најдолгото патување со електричен автомобил во светот

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Ако еден човек може да извози до другата страна од светот во електричен автомобил, тогаш електричните возила навистина би требало да бидат способни за дневно користење, вели Холанѓанеџот Вибе Вокер, откако ја заврши својата авантура во текот на која помина речиси 100.000 км со електричен автомобил. Тој пред три години во преработен „голф“ тргна на пат низ Холандија до Австралија и во текот на тој период помина 33 земји со помош на волонтери кои му обезбедуваа сместување, храна и струја од спонзори.

Во текот на тригодишното патување Холанѓанецот помина низ Турција, Иран, Индија, Малезија, Индонезија итн., при што немал конкретен план за патувањето туку го менувал и се прилагодувал на понудите за гостопримство и сместување кои ги добивал преку својата веб-страница. Тоа е најдолго патување со електричен автомобил во историјатана светот, а целта била да се промени начинот на кој луѓето размислуваат за електричните возила и им ги покажат сите предности на е-мобилноста.

Вокер пресметал дека за такво патување по светот со класичен автомобил бензинец би му биле потребни околу 6.785 литри гориво, што би го чинело повеќе од 4.500 долари, додека за своето патување со елетричен автомобил потрошил само 300 долари за струја. Инаку, досегот на неговиот модифициран автомобил со едно полнење на батеријата изнесува помалку од 200 км, така што често морал да застанува и да ја полни батеријата, па патувањето се одолжило, но неговата цел и онака не била што побрзо да дојде до целта, туку со оваа авантура сакал на сите да им порача барем да размислат за купување електричен автомобил.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!