10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Што прави светот? OECD констатира: Средната класа се намалува под притисок на повисоките трошоци

OECD констатира: Средната класа се намалува под притисок на повисоките трошоци

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Средната класа во развоените економии се намалува, бидејќи растот на платите на работниците значително заостанува зад сѐ поголемите издвојувањето на домувањето, образованието и здравствените услуги, покажа најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (OECD)

Повеќето граѓаните во 36-те земји членки на OECD, се припадници на средната класа која во организацијата ја дефенираат како домаќинства со доход од 75 до 200 отсто од националната просечна плата. Нивниот број притоа постепено се намалувал последните децении, и тоа со 64 отсто во 1980-те на сегашните 61 отсто во земјите на OECD за кои во моментов има расположливи податоци, објави OECD во извештајот под наслов „Под притисок: стеснетата средна класа“.

Средната класа се намалува со секоја нова генерација, така 68 отсто од генерацијата на „бејби-бумерите“, родени од 1942 до 1964 година припаѓале на средната класа додека биле во нивните дваесетти години, додека тој удел кај „милениумците“, родените меѓу 1983 до 2002 година, изнесува 60 отсто. Во OECD намалувањето на средната класа во најголем дел се припишува на стагнацијата на примањата, имајќи предвид дека во последните 30 години нивните средни доходи пораснале за третина послабо отколку кај оние 10 отсто најбогати.

Трошоците истовремено растеле значително побрзо од инфлацијата во поединечните клучни ставки, како што се домувањето, каде што според податоците на OECD во последните две децении растот на трошоците бил трикратно поголем од растот на просечниот доход на домаќинствата. Значително, за домаќинствата на припадниците на средната класа пораснале и трошоците за образованието и за здравствените услуги.

Во истиот период работниците се соочувал со сѐ поголема несигурност на работните места, што особено се влошило последните години поради автоматизацијата на дејностите за којашто во OECD велат дека сега му се заканува на една од шесте професионални дејности на припадниците на средната класа. Во таквите околности, повеќе од 20 отсто од домаќинствата на припадниците на средната класа трошеле повеќе отколку што заработуваат, па така засилено се потпирале на кредитното задолжување за да го финансираат начинот на живеење.

„Денес средната класа сѐ повеќе наликува на брод на немирно море. Владите мора да ја ослушкуваат загриженоста на граѓаните и да го заштитат и подобрат животниот стандард на средната класа“, порачува челникот на OECD, Анхел Гурија.

За да се зголеми уделот на средната класа, од OECD препорачуваат вложувања во стручното оспособување на припадниците на средната класа на коишто треба да им се зголемат нивните можности за заработка и повеќе колективно преговарање поради зголемување на платите. Од OECD, исто така, предлагаат даночниот товар да се префрли од приходите од трудот на приходите од капиталот и капиталните добивки, од недвижнините и наследената сопственост. Препорачуваат и прогресивно оданочување на личните приходи.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •