12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Вежбањето може да ве направи посреќни отколку парите?!

Редовната физичка активност помага за добро ментално здравје, исто како што помага и покачувањето на платата. Наместо да останувате екстра часови на работа со надеж дека некој ќе го забележи вашиот труд и ќе ви ја покачи платата, можеби треба да појдете во теретана. Вежбањето ќе се усреќи исто како тие ектра пари на сметка.

Едно ново истражување објавено во Lancet открива дека луѓето кои се физички активни имаат поголемо чувство за ментална среќа отколку тие што се неактивни, како и дека физички активните луѓе се чувствуваат исто толку среќни како и неактивните луѓе кои заработуваат по 25.000 долари повеќе годишно.

Истражувачи од универзитетите Оксфорд и Јеил користеле податоци од повеќе од 1,2 милиони Американци. Учесниците во истражувањето биле прашувани колку пати во изминатите 30 дена се чувствувале психички незадоволни и која била причината за тоа – стрес, депресија или емотивни проблеми?

Учесниците исто така требало да одговорат на прашања за нивните навики за вежбање и да изберат една од 75 физички активности како косење на тревникот, домашни работи, одгледување деца, трчање, кревање тегови, возење велосипед итн.

Истражувачите откриле дека луѓето кои редовно вежбаат се чувствуваат лошо во просек 35 дена годишно, додека луѓето кои не се физички активни се чувствуваат лошо 53 дена годишно.

„Луѓето кои вежбаат имаат 43% помалку лоши денови во годината во споредба со тие што не вежбаат. Сите типови физичка активност помагаат за подобро ментално здравје“, се вели во истражувањето.

Социјалните физички активности, односно групните спортови имаат најголем позитивен ефкти. Сепак, возможно е да се претера со вежбање. Според истражувањето, менталното здравје на луѓето кои вежбале повеќе од три часа дневно страдало повеќе отколку менталното здравје на тие кои воопшто не вежбале. Идеалното време за вежбање е три до пет пати неделно по 30-60 минути.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •