-4 C
Skopje
недела, февруари 23, 2020

Во иднина автомобилите ќе ги паркираме вертикално со паметен роботски систем

Kabtel desktop

Како што се зголемува популацијата на Земјата, така почнува да снемува простор првенствено за домување. Зголемувањето на популацијата значи дека и поголем број луѓе возат приватни автомобили. Иако активистите за заштита на животната средина и сега владите на земјите ги поттикнуваат луѓето да се возат со јавен транспорт или да возат велосипед, барем на пократките релации, бројот на автомобили по патишттата и понатаму расте.

Тоа значи дека е потребно повеќе место за паркирање, а бидејќи нема простор во хоризонтала, компаниите почнуваат да бараат простор по вертикала. Smart Parking Solution Inc е компанија од САД која има навистина иновативно решение кое функционира на принципот на жичара.

Целиот роботизиран систем се поставува за околу пет дена и потоа добивате паметно решение и доволно простор за паркирање на места каде што не може да има традиционален паркинг. Паркинг местата всушност се метални платформи поставени една над друга кои како што се пополнуваат со автомобили се поместуваат нагоре. Навистина практично решение за пренаселените урбани средини.

Smart Robotic Parking System

Vertical, robotic parking solution for limited parking space.

Posted by Startup Selfie on Четврток, 28 март 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •