9 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Овој електричен велосипед им помага на старите луѓе да одржуваат рамнотежа

Kabtel desktop

Иако е битно постарите луѓе да останат активни, намаленото чувство за рамнотежа ги става во ризик од некаква незгода додека возат велосипед. Технолошкиот универзитет Делфт од Холандија се обидува да најде решение за тоа со својот посебно дизајниран електричен велосипед.

Развиен во партнерство со производителот на велосипеди Royal Dutch Gazelle, прототипот на електричниот велосипед за сениори има посебнна комбинација од мерач на забрзувањето со жироскоп кој ги следи движењата на велосипедот при брзина поголема од 4 км/ч. Тие податоци потоа се анализираат од миркопроцесорот, кој исто така е вграден во велосипедот, со помош на претходно развиен математички модел кој ја предвидува стабилноста на велосипедот базирано на 25 физички параметри. 

Доколку се процени дека велосипедот ќе се преврти, електричниот мотор поставен велосипедот ќе ги заврти рачките од воланот и ќе спречи паѓање. Иако технологијата се уште треба да се доразвива, некои од тест возачите на велосипедот веќе потврдија дека им помага постојанот да го држат велосипедот исправен.

„Сега сакаме да проучиме каква помош им е најпотребна на велосипедистите и се разбира, ќе ја тестираме и безбедноста на системот“ велат од Делфт. Комерцијалната верзија од производот нема да биде готова уште неколку години.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •