ВИДЕО: Се роди првиот носорог во светот зачнат со вештачко оплодување

- Advertisement -

Зоолошката градина во Мајами има голема причина за славење: им се роди бебе носорог. Но, тоа не е обично бебе носорог, туку првиот носорог во светот кој се родил со вештачко оплодување и ќе влезе во историјата. Засега не е познат полот на носорогот кој се родил во вторникот и е првото бебе на Акути, седумгодишниот индиски носорог со еден род.

И мајката и бебето се чувствуваат добро, но од зоолошката градина викнаа тим од ветеринари за да ги прегледаат. Тој преглед ќе го направат кога ќе биде безбедно да се оддели бебето од неговата многу заштитувачки настроена мајка затоа што е многу битно да се воспостави врска меѓу мајката и бебето, особено ако и е прво бебе.

- Advertisement -

Ова е големо достигнување за зачувување на овој вид затоа што овој тип носорози ги ловат за нивните рогови. Во светот во моментот има околу 3.500 примероци од индискиот носорог. Бременоста кај овие носорози трае од 15 до 16 месеци и мајките раѓаат по едно бебе на секои 2-3 години.

И мајката и 18-годишниот татко на бебето, Суру, биле родени во Сафари паркот на Зоолошката градина во Сан Диего. Акути, чие име значи принцеза на хинди, пристигнала во зоолошката во Мајами во 2016 година, додека Суру, чие име значи почеток на бенгалски, дошол во зоолошката во 2003 година.

- Advertisement -

По неколку неуспешни обиди за оплодување по природен пат посебен тим од експерти почнале со вештачко оплодување на Акути во јануари 2018 година. Ова е редок случај на успешно оплодување не само за зоолошката во Мајами, туку е многу битен и за меѓународните напори за зачувување на здравата популација од овие ранливи животни во светот.

За неколку недели отсега, кога бебето и Акути ќе се навикнат едни на други, ќе може да ги види и јавноста. Засега можете да уживате во видеото од новото бебе носорог.

Сподели!
- Advertisement -