18.8 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Кој е најпродаваниот паметен телефон во светот?

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Неделава беа објавени податоците за состојбата на глобалниот пазар за паметни телефони и за најпродаваните смартфони минатата година во светот. Според тие податоци, на листата со најпродавани модели паметни телефони доминираат телефоните на Apple. Најпродаваниот модел во светот е iPhone X, а интересно е тоа што и следните три најпродавани телефони во светот се модели на iPhone.

Значи, после моделот X следуваат iPhone 8, iPhone 8 Plus и на крајот моделот претставен уште во 2016 година, iPhone 7. По уредите на Apple следува Redmi 5A, па комбинација од телефони на Apple и Samsung -Galaxy S9, iPhone XS Max, iPhone XR и Galaxy S9 Plus.

Освен најпродаваните телефони минатата година, беа објавени и податоците за продажбата на мобилните компании на глобалниот пазар во првиот квартал од годинава. Samsung и понатаму го држи првото место со 23,1% пазарен удел, иако јужнокорејската компанија забележа  пад на испораките од 8% во однос на иистиот период 2018 година и испорача нешто помалку од 72 милиони телефони.

Huawei цврсто се држи на втората позиција со пораст на испораката од речисо 50% – во првото тримесечје од годинава имаат 19% пазарен удел и испорака на 59 милиони смартфони. Apple испорачал нешто повеќе од 36 милиони телефони, што е пад од 30% и има пазарен удел од 11,7%. Во минус со испораките од 10% бил и Xiaomi, кој се наоѓа на четврто место со испорачани 25 милиони паметни телефони и пазарен удел од 8%, а по него следуваат уште две кинески компании , Vivo и Oppo.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •