12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Еве како изгледа да ве стопира полицаец Робокап

Најголем дел од возачите ги застанала полиција барем еднаш поради неправилно возење или поради туринска контрола. Но, како изгледа кога наместо човек полицаец на прозорец ви дојде Робокап? Американскиот истражувачки институт SRI Internetional разви прототип на полициски робот кој би требало да ги заштити полицајците при стопирањето возила.

Имено, во САД голем број полицајци страдаат при стопирање возачи и проверување податоци на возачот и возилото. Роботот на SRI не е вистински Робокап, туку уред кој функционира заедно со полицаецот. Се состои од камера со микрофон и екран со звучник кои се поставени на телескопска рачка и прицврстени на полициско возило. Кога полицаецот ќе го сопре автомобилот, наместо да излезе од автомобилот и да се изложи на потенцијална опасност, може да го испрати полицискиот робот, преку кој може да комуницира зо возачот.

Полицвискиот робот може да направи се што може и полицаецот – да ја скенира возачката дозвола, да напише казна, па дури и да постави шилци за да го спречи возачот да избега со автомобилот. Полицискиот робот засега е уште во фаза на развој и веројатно ќе поминат години додека да го видиме по патиштата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •