-4 C
Skopje
недела, февруари 23, 2020

Словенечки научник реши еден од најголемите проблеми со складирањето енергија

Kabtel desktop

Словенечкиот научник Матјаж Валант, раководител на лабораторија за истражување материјали и декан на Факултетот за наука во Нова Горица, патентираше изум за складирње електрична енергија кој би можел да донесе голема заштеда на енергија.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, изумот на Валант решава еден од најголемите проблеми во енергетиката, а тоа е неуреамнотеженоста на производството и потрошувачката, поради што во системот може да дојде до повремено енергетско балансирање и губење на енергија. Станува збор за концепт кој ќе продолжи да се развива после првиот прототип, а го решава проблемот со складирање енергија во оксидациско-редукцискиот потенцијал на тврдите предмети.

Таа постапка е еколошки неутрална, економски поволна и овозможува трајно складирање енергија со поголема енергетска густина отколку таа која ја има во фосилните горива. Договорот за продажба на патентот и негово користење Валант и неговиот универзитет го потпишаа со компанијата Institute CES со седиште во Шмарјешке Топлице.

Од компанијата велат дека лабораторијата за нив ќе го направи првиот функционален прототи базиран на патентот на Валант. Тој прототип ќе ги дефинира сите технолошки, енергетски и економски параметри на технологијата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •