1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Милиони евра нови инвестиции во паметните клупи на младиот Хрват Иван Мрвош

Kabtel desktop

Хрватскиот стартап Include на младиот иноватор Иван Мрвош неодамна го прослави својот петти роденден, а денес оваа компанија од страна на независна ревизорска куќа беше проценета на повеќе од 15 милиони евра вредност. Include, која ги произведува паметен урбан мебел, денеска потврди дека го добила својот прв директен инвеститор во новата инвестициска рунда. Станува збор за Стјепан Талан, директор на компанијата Solvis од Вараждин. Solvis е единствениот хрватски производител на фотонапонски модули кој има 180 вработени, а во 2017 година имаше повеќе од 80 милиони евра приходи. Освен тоа, компанијата две години со ред се најде на листата на Лондонската берза со 1.000 компании кои ја инспирираат Европа.

„Мојата компанија Solvis веќе 10 години успешно работи и ги пласира своите соларни панели на светските пазари. Во компанијата Include гледам голема перспектива и со оглед на тоа дека делува во истиот индустриски сектор, сметам дека можам со мојата инвестиција да придонесам за подобра работа, пред се за синергија и меѓусебна соработка на Solvis и Include“ изјави Стјепан Талан.

Компаиите Include и Solvis ја започнаа својата соработка во 2015 година со дизајнирањето на специјален фотонапонски модул наменет за паметните клупи Steora, а до денес илјадници хрватски фотонапонски модули се инсталирани во илјадници хрватски паметни клупи кои се рподадени на 43 глобални пазари.

Include ја започна новата инвестициска рунда пред 20 дена на платформата Funderbeam, а досега има собрано околу 1,5 милиони евра од страна на 450 инвеститори од Хрватска и од светот. Освен парите кои компанијата ги собира преку платформата, во новата рунда преговараат со неколку приватни инвеститори како што е Стјепан Талан, а вкупниот износ на инвестициите од приватните инвеститори и од Funderbeam може да се искачи до 4 милиони евра.

Include своите производи ги извезува на 43 пазари во светот, а нивните клупи се присутни во 260 градови во светот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •