17 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Концентрацијата на јаглерод диоксид во воздухот сега е најголема во последните 800.000 години

Kabtel desktop

Според податоците на опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваи, концентрацијата на јаглерод диоксид во воздухот сега изнесува 415 ppm, а научниците сметаат дека тоа е најголема количина во последните 800.000 години.

Метеорологот Ерик Холтаус пред неколку дена забележал нов рекорд на концетрацијата на јагелрод диоксид во земјината атмосфера по објавите на Институтот за океанографија Scripps, кој ја мери дневната стапка на емисија на јаглерод диоксид во Мауона Лоа заедно со научниците од Националната управа за океани и атмосфера.

Имено, мерењето на концентрацијата на јаглерод диоксид се врши во континуитет откако е основана програмата во 1958 година од страна на Чарлс Дејвид Килинг, по кого е и наречена Килинг кривата, односно графиконот за зголемување на концентрацијата на CO2 во атмосферата.

Ова е прв пат во човечката историја атмосферата на нашата планета да има повеќе од 415 ppm CO2. И тоа не само во запишаната историја, не откако било измислено земјоделството пред 10.000 години, туку уште пред да постојат модерни луѓе, велат научниците.

За време на плиоценот, пред околу 3 милиони години, кога глобалните температури биле за 2-3 степени повисоки отколку сега, се верува дека нивото на CO2 било некаде помеѓу 310 и 400 ppm. Во тоа време Арктикот бил покриен со дрвја наместо со лед, а летните температури на далечниот север достигнувале дури  15 степени. Глобалното ниво на морињата во текот на плиоценот било за 25 метри повисоко отколку денес.

Битно е да се знае дека високата концентрација на СО2 во атмосферата, која е резултат на согорувањето на фосилни горива и сечењето на шумите, го спречува природниот циклус на ладење на Земјата, па затоа има и пораст на глобалните температури со разорни ефекти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •