Посетителите на стариот дел од Скопје – Чаршијата преку новата мобилната апликација „Скопските скапоцени камења“ (Skopje Gems),  ќе имаат можност ова место да го доживеат на нов начин.

Апликацијата нуди седум туристички рути низ Чаршијата и водич до врата на сопствениците на продавниците со стари занаети, вкусна храна, како и до музеите, религиските обележја и историските места во стариот град.

- Advertisement -

Апликацијата е достапна на десет јазици, а беше развиена од Институтот за стратешки истражувања и образование (ИСИЕ).

Апликацијата е бесплатна преку „Ап стор“ (App Store) и „Плеј стор“ (Play Store) и ќе биде промовирана на скопскиот аеродром, но и преку хотели, туристички инфоцентар, агенции, барови и ресторани, преку интернет и социјалните мрежи.