7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Туристите кои ќе се однесуваат непримерно во Венеција ќе бидат казнети со 500 евра

Kabtel desktop

На туристите кои ќе се однесуваат непримерно во Венеција ќе им биде забрането да влегуваат во градот. Тоа е дел од мерките за да се задржи културното однесување меѓу милионите посетители кои доаѓаат во оваа светска атракција на листата на World Heritage.

Туристите кои ќе бидат фатени како пливаат во каналите, како се шетаат низ градот голи или се качуваат на мостовите ќе бидат казнети со казни до 500 евра. Новите санкции беа одобрени од градскиот совет во Венеција.

Властите при составувањето на новите мерки земале предвид секакво непримерно однесување од лежење на јавните клупи, јадење и пиење седнати на земја, потпирање на излозите на прозорците и седење на скалите на иконските цилиндрични бунари.

Помалите прекршоци ќе бидат казнети со казни почнувајќи од 25 евра, додека посериозните прекршоци ќе добијат максимални казни од 500 евра.

„Забрането е шетање на јавни места по костими за бањање или со голи гради“ велат градските власти и додаваат дека правилата се однесуваат и на туристите кои патуваат со автобусите на вода „вапорети“.

Туристите кои се однесуваат навистина непримерно или прават прекршоци повеќе пати, може да бидат протерани од Венеција и да им биде забранет пристапот до градот со слични забрани како тие за навивачите на фудбалските стадиони.

Венеција работи и на воведување туристичка такса која се очекува да почне да се наплаќа од септември годинава. Туристите кои пристигнуваат во Венеција надвор од сезона ќе плаќаат такса од 3 евра, 8 евра во сезона и 10 евра за време на викенди на лето, кога има најголем број посетители.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •