12.7 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2019

Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите

Kabtel desktop

Франција стана првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои се смета дека ги убиваат пчелите на Земјата. Феноменот наречен колапс на колониите резултира со рекордни бројки мртви пчели во светот, а научниците како виновници за тоа ги посочуваат неоникотиноидните пестициди.

ЕУ прва забрана три од пестицидите и тоа: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам. Сепак, Франција оди чекор понапред и ги забранува и тиаклоприд и ацетамиприд во сите земјоделски активности, вклучувајќи ги и стаклениците. Неоникотиноидите по структурата се слични на никотинот и за прв пат се појавија во 90-тите години на минатиот век, а функционираат така што го напаѓаат нервниот систем на инсектите. Бидејчи се прскаат на растенијата, а пчелите се движат по нив и го вдишуваат правот.

Истражувачите посочуваат дека неоникотиноидите исто така се одговорни за помалиот број сперматозоиди кај пчелите, што значи дека се намалува и стапката на репродукција. Други истражувања покажуваат дека хемикалиите им ја попречуваат меморијата и вештините за градење домови на пчелите, па тие наместо да носат мед, заминуваат од саќето и не се враќаат назад. Последното истражување покажува дека многу пчели стануваат зависници од токсичните хемикалии и нонстоп трагаат по уште пестициди.

Врската меѓу пестицидите и намалувањето на популацијата на пчели предизвикува огромна загриженост поради ефектите што ќе ги има врз нашата исхрана. Растенијата, цвеќињата и дрвјата нема да растат без поленизацијата што ја вршат пчелите, што значи дека нема да имаат плодови. Некои земјоделци кои заележале огромен пад на попучацијата пчели имаат и значително помали приноси од фармите.

Додека активистите за заштита на животната средина и одгледувачите на пчели ја поздравуваат одлуката на Франција да ги забрани пестицидите, некои земјоделци не се задоволни поради тоа што нема да можат да бидат конкурентни на пазарот ако не ги заштитуваат посевите со пестициди. Тие сметаат дека нема доволно докази за ваков драматичен потег. Елиминацијата на пестиицидите го поккренува прашањето со што ќе се заменат и какви потенцијални проблеми би можеле да произлезат од употребата на заменските решенија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •