9 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2019

Пронајдени докази за постоење таен океан во планетата Плутон – се зголемува веројатноста за вонземски живот

Kabtel desktop

Во 2015 година, по речиси 10 години патување, вселенското летало New Horizons на НАСА помина крај планетата Плутон и направи куп фотографии на задоволство на научниците на патот до Земјата. Са анализата на тие фотографии се дојде до повеќе заклучоци, кои уште се менуваат.

Меѓу другите работи кои беа забележани, фотографиите покажа неочекувана топографија на Плутон, односно светол базен со големина на Тексас наречен Sputnik Planitia. Првично кога ги анализирале фотографиите научниците претпоставиле дека станува збор за подземен океан под ледот на Sputnik Planitia, но таа теорија имала еден проблем – поради староста на Плутон, океанот одамна би бил замрзнат и внатрешната површина на ледот кон океанот би била подебела.

Сега истражувачи од Универзитетот Хокаидо од Јапонија открија докази дека постои еден вид изолациска обвивка од гасовити хидрати кои го одржуваат океанот во течна состојба и го штитат од замрзнување. Истражувачите долго време се прашувале што може да ја одржува површината на океанот топла и дошле до идеја дека под ледената површина на Плутон има обивка од гасовити хидрати.

Гасовитите хидрати се кристални цврсти форми слични на мраз добиени со заловување на гас во молекуларни водени „кафези“. Тие се многу вискозни, имаат ниска термална проводливост и може да имаат својства на изолатори. Наједноставно кажано, тие дејствуваат како еден вид фолија што се става над пазен зимно време.

Тие мислат дека гасот во оваа изолациска обвивка може да е метан кој произлегол од карпестото јадро на Плутон. Оваа теорија, во кој метанот е заловен како гасовит хидрат, се совпаѓа со необичната композиција на атмосферата на Плутон – ниско нито на метан и голема количина азот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •