Арктикот се топи толку брзо што ја потопува опремата на научниците кои го истражуваат

- Advertisement -

Арктикот се топи толку брзо што ја оштетува опремата на научниците кои го истражуваат. Научници во Алјаска си ја пронашле својата опрема потопена во вода кога се вратиле да проверат колку брзо се топли пермафростот или ледот.

Пермафрост е слојот од почвата кој се наоѓа веднаш под површината и е змрзнат во текот на целата година. Кога ќе се стопи, земјата се претвора во езеро, дрвјата паѓаат, патиштата пукаат, а куќите и зградите стануваат нестабилни поради тоа што им се потопуваат темелите.

- Advertisement -

Научниците веќе десет години го мерат пермафростот во Алјаска, но годинава по прв пат нивната опрема беше најдена потопена во вода. Пермафростот се топи многу поврзо отколку што очекуваа научниците, а како што се топи испушта јаглерод диоксид и стакленички гасови во атмосферата, па уште повеќе ги влошува климатските промени.

Речиси 200 земји во светот се обврзаа да ја намалат емисијата на стакленички гасови со цел да се ограничи покачувањето на глобалните температури на 1,5 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -