-2.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Иноплатформа е партнер на иновативните компании во Балканско-Медитеранската област

Kabtel desktop

ИноПлатформа е европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија, поддржан преку Interreg BalkanMed програмата на Европската Унија, која се спроведува во периодот 2014-2020 година. Целта на проектот е да ја подобри конкурентноста на Балканско Медитеранската област преку зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите како што се  Иноалатки за претпријатија, но и сервиси – Иноиндикатори и Инорегион  со цел да се овозможи на претпријатијата да соработуваат во поширокиот регион.

За Иноплатформа разговараме со директорот на Центарот за управување со знаење, Андријана Богдановска

Иноалатките се мошне интересен и организиран пристап кно воведувањето на иновациите. Дали можете да ја објасните нивната примена?

Иномодел, Иностратегија, , Инопартнер Инофинансии, и Инопроект се петте Иноалатки  на кои напорно работевме во текот на последната година.  Нивната цел е да им помогнат на претпријатијата успешно да воведуваат нови производи и процеси, додека патот на примена на овие алатки зависи од типот на претпријатите кое ги користи – постоечко или почетно претпријатие. Сега сме во последната фаза од проектот, кој го заокружуваме со поддршка на повеќе од 8 мали и средни претпријатија со нашите алатки.  Приказната за дел од нив може да се види на кратките видеа поставени на Иноплатформа

Споменавте дека еден од сервисите на ИноПлатформата е ИноРегионот? Што е Инорегион и каков тип на активности овозможува?

Инорегион е сервис кој овозможува регионална соработка, регионални можности за вмрежување на претпријатијата и нуди лесен пристап до извори за финансирање на иновативни активности на малите и средни бизниси во Балканско Медитеранската област. Сите заинтересирани претпријатија можат бесплатно да се регистрираат.  Сервисот има за цел да им помогне брзо да се вмрежуваат, лесно да идентификуваат стратешки партнери, финансии, знаење и нови пазари.

Кои активности следат во следниот период?

Во тековниот период имаме зголемен број на активности и настани. Првенстевно сме насочени кон организирање на серија Инфоденови за Иноалатките низ територијата на цела Македонија и ќе продолжиме активно да ги информираме регионалните бизниси за можностите и придобивките што ги нудат Иноалатките. Веќе оддржавме Инфоден во Штип на 6-ти мај, и Тетово на 21-ви, додека следат настани и во други градови до крајот од месец јуни.

Нашата поддршка на малите и средни претпријатија ќе продолжи и после завршувањето на проектот во септември 2019, преку нашиот Центар за Иновации и протипното студио во кое имаме опрема за подготовка на прототипи. Во престојниот период исто така ќе го заокружиме и воспоставувањето на Центрите за Извонредност во сите пет земји –партнери на проектот, опремени со прототипни студија (И-лаборатории) кои ќе овозможат подобрување на пристапот  до знаење и експертиза во делот на иновациите на сите претпријатија во регионот.

Проектот Инноплатформа го спорведува Центарот за Управување со Знаење.  Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во република Македонија и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.

 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!