29 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Семафорите од иднината ќе знаат кога сакате да преминете и сами ќе вклучуваат зелено светло

Kabtel desktop

Семафорите од иднината Semaforiќе знаат кога луѓето сакаат да ја преминат улицата и сами ќе се префрлаат на зелено светло за пешаци.  Кога луѓето ќе се приближат до семафорот нема да мора да притиснат на копче за да се запали зелено светло, туку семафорот сам ќе препознае дека сакаат да преминат и автоматски ќе го смени светлото.

Австриски научници моментално ја тестираат нивната визија за овие семафори од иднината. Системот кој го развиле, а кој австриската компанија  Günther Pincher наскоро ќе почне да го тестира на одредени места во Виена, има интегрирани камери и компјутерски вид за скенирање на просторот околу семафорите, па може да препознае кога некој сака да премине.

Кога пешакот ќе се приближи доволно близу, се испраќа сигнал, а научниците веруваат дека на овој начин ќе се заштедат 3-4 секунди кои се потребни за луѓето да се приближат до семафорот и да притиснат на копчето.  Исто така , ако повеќе луѓе преминуваат одеднаш, системот ќе препознае и ќе го продолжи траењето на зеленото светло.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •