29 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Секој четврти Хрват сака да работи во Римац Автомобили

Kabtel desktop

Истражувањето во кое во 2018 и 2019 година учествуваа скоро 20.000 испитаници покажува дека десетина години по ред најпосакуван работодавач во Хрватска се DM дрогериите. Втор најпосакуван работодавач е Lidl Хрватска, а трет Müller  трговскиот ланец. Четврта на листата е домашната компанија Римац Автомобили.

Според порталот „Мој Посао“ годинешнпто истражување покажува дека две домашни компании – Атлантик Група и Валамар група отидоа погоре на листата на најпосакувани работодавачи, со тоа што Атлантик се најде на петтото место, а Валамар на седмото место.

Една третина од испитаниците во истражувањето навеле дека хармоничните односи на работното место и сигурноста на работното место се најважни за нив. Општествената одговорност на рабтодавачите е третиот по ред фактор од кој зависи посакуваноста на компанијата за работа. За испитаниците најмалку важно е хиерархиското напредување.

Интересна е половата разлика која ја покажува ова истражување. За мажите Римац Автомобили е на второ место на најпосакувана компанија за работа, а на машката топ листа се наоѓаат  и Ина, Хрватски Телеком и А1 Хрватска.

(Хина)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •