21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Старото стакло ќе се користи за правење нов, подобар бетон

Kabtel desktop

Иако стаклото се смета за еколошко бидејќи може да се рециклира, факт е дека не се рециклира голема количина стакло. Тоа особено важи за малите парчиња кои тешко се собираат. Сепак, сега научниците мислат дека отпадот од стакло може да се искористи за производство на бетон кој ќе биде поцврст и поевтин од обичниот.

Научници од австралискиот Универзитет Дикин предводени од д-р Ријад Ал-Амери собрале различни парчиња стакло кое не може да се рециклира, ги сомлеле до прав и потоа тој прав го искористиле наместо песок за да направат полимерски бетон. Таквиот бетон вообичаено се користи за правење водоотпорни подови.

Кога потоа го тестирале бетонот, се покажало дека е значително поцврст од традиционалниот бетон направен со песок. Освен тоа, бидејќи песокот мора да се дроби, да се мие, се покажало дека стаклениот прав е поевтина варијанта. Притоа, бидејќи се предвидува недостиг од песок, моментално има големи количини старо стакло кое стои необработено.

Истражувањето е доказ дека градежната индустрија треба да го види потенцијалот на стаклото како замена за песокот при производство на полимерски бетон и на бетон воопшто. На светско ниво градежната индустрија придонесува со 6% во БДП, а бетонот е најкористениот градежен материјал, чија основна компонентна е песокот, па затоа мора да се бара поодржлива алтернатива.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •