„Вози од срце“ нова кампања на Стопанска банка АД – Скопје

- Advertisement -

Во своите 75 години постоење Стопанска банка АД – Скопје е повеќе од банка и финансиски партнер на компаниите и семејствата во Македонија. Банката е партнер на заедницата од која потекнува, со која се поврзува и за која постојано се грижи. Оттука, природно доаѓа јубилејот да биде прославен со кампања која повикува на заедничка грижа за сопственото здравје, за животната средина, за инфраструктурата во градовите и на крај за здравјето на децата.

„Вози од срце“ – новата кампања со која банката го одбележува 75-годишниот јубилеј, повикува сите почесто да го користиме велосипедот како транспортно и рекреативно средство и сите извозени километри да ги „донираме“ преку платформата на www.voziodsrce.mk. Целта е да собереме 1 милион километри извозени од срце по што Банката ќе донира вредна медицинска опрема за Одделот за кардиологија и ревматологија при Универзитетската клиника за детски болести.

- Advertisement -

Проектот самошто започна, а веќе се извозени над 40.000км и ќе трае неколку месеци. Право на учество има секој „граѓанин со срце”, односно секој оној кој го сака своето маало, својот град и својата земја, и кој се грижи таа да биде почиста и поубава а воедно се грижи и за своето и за здравјето на децата кои живеат тука.

Приклучувањето во кампањата е крајно едноставно
1. На www.voziodsrce.mk креирате профил кој го поврзувате со постојниот Strava профил (Strava е светски најпознатата апликација за мерење на физички активности како велосипедизам и трчање)
2. При секое возење со велосипед ја вклучувате апликацијата Strava и почнувате да ги донирате извозените километри

- Advertisement -

Возењето велосипед веќе не е само една обична секојдневна активност, тоа стана алатка преку која можете да помогнете на оние на кои им е најпотребна вашата помош.
Затоа приклучете се, дадете поддршка и помогнете да се соберат 1.000.000 км ОД СРЦЕ.

На платформата се генерира и топ листа на најзначајните придонесувачи во собирањето на километрите а Банката подготви и подароци за учесниците кои ќе постигнат 100км и 1.000км донирани преку платформата.

Сподели!
- Advertisement -