Рио де Жанеиро својот отпад ќе го претвора во енергија

- Advertisement -

Бразилската престолнина, преубавиот Ри де Жанеиро, одлучи на поинаков начин да се справува со својот отпад наместо да го фрла на депонии. Градот ќе го претвора отпадот во енергија. Наместо органскиот отпад да се фрла на депонија и со тоа да ја загадува околината, Рио де Жанеиро го собира отпадот и го претвора во енергија.

Во фабриката за третирање отпад дневно пристигнуваат 10.000 тони отпад, каде што гасот метан кој се ослободува од отпадот се собира и се претвора во биогас. Тој биогас потоа ќе генерира приходи наместо да ја загадува животната средина. Ваквата политика на градот е одговорна за намалување на емисијата на штетни гасови за речиси 2/3.

- Advertisement -

Намалувањето на емисијата на стакленички гасови е приоритет за сите земји во светот. Градовите трошат повеќе од 2/3 од вкупната енергија која се произведува во светот и генерираат речиси 3/4 од глобалната емисија на стакленички гасови. Рио е дел од иницијативата C40 Cities и се залага за преземање активности за борба со климатските промени.

Рио де Жанеиро има амбициозна цел до 205 година да стане карбонски неутрален град.

- Advertisement -

Rio de Janeiro is turning its garbage into energy

Processing 10,000 tons of organic waste every day. 📕 Read more: https://wef.ch/2C4rFtt

Posted by World Economic Forum on Петок, 14 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -