18.8 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Британецот Мусвере е првиот човек осуден за производство на 3Д оружје кое пука вистински куршуми

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Дваесетгодишен Британец е првиот човек осуден за изработка на оружје со помош на 3Д печатач кое може да испука смртоносен куршум, објави британската полиција. Делови од оружјето се откриени во рација во текот на која се барала дрога во стан во центарот на Лондон во 2017 година.

Тендаи Мусвере, кој ја признал вината за изработка на оружје, им рекол на инспекторите дека оружјето го печател со 3д печатач за некој проект на универзитет. Но, полицијата открила дека на Интернет гледал видеа за тоа како да се направи оружје кое може да пука вистински куршуми.

Мусвере тврдел дека го испечатил оружјето за дистописки универзитетски филмски проект, но не објаснил зошто вклучил компоненти потребни за изработка на смртоносно оружје. Тој планирал да вгради челични цевки во оружјето за да може да пука куршуми.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •