9.5 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

За 20 години отсега во Северниот Леден Океан нема да има повеќе мраз

Kabtel desktop

Новообјавена студија покажа дека Северниот Леден Океан во наредните 20 години ќе доживее да нема воопшто мраз во текот на летото. Топењето на мразот е последица на комбинацијата од природното затоплување и ефектите на климатските промени предизвикани од човекот.

Повече истражувања веќе предвидоа дека Арктикот до средината на овој век нема да има воопшто мраз во летниот период. Тоа веројатно би се случило во текот на месец септември, но поради природната флуктуација на температурата на океаните на Земјата, позната како Декадна пацифичка осцилација, тешко може да се шредвиди точниот момент кога ќе се случи тоа.

Океаните на Земјата се навистина динамична средина, каде што температурата се менува од ден во ноќ и од месец во месец. Пацифичката осцилација предизвикува доста драстична промена. Оваа појава е случува во тропскиот дел и поминува неколку циклуси во текот на кои температурата се менува од топла во ладна и потоа пак од ладна во топла.

Секој од овие циклуси трае од 10 до 30 години и промената на температурата е околу 0,5°C. Ова не изгледа многу за нас обичните луѓе, но е доволно голема промена за да се забрза темпото со кое исчезнува мразот од морињата и океаните.

Пред околу 5 години пацифичката осцилација влезе во нова фаза и почна да ги затоплува океаните. Компјутерскиот модел кој го користеле за најновото истражување ги зел предвид и ефектите кои ги има осцилацијата врз температурата на океаните. На тој начин тимот научници успеал да предвиди кога ќе се случи првото лето без мраз во Северниот Леден Океан – превидувањата велат дека тоа ќе се случи во периодот од 2030 до 2050 година. Сепак, тимот е убеден дека првото лето без мраз во Северниот Леден Океан веројатно ќе се случи многу поблиску до 2030 отколку до 2050 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •