18.5 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Мате Римац ќе и помага на хрватската влада да привлече инвестиции во автоиндустријата

Претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ, одржа состанок со претприемачот и основач на компанијата Rimac Automobili, Мате Римац, на кој разговараше за потенцијалите на автомобилската индустрија во Хрватска, а разговорот ќе продолжи во петок, кога премиерот и неколку членови на Владата ќе ја посетат Rimac Automobili.

 

Тоа го најави и Мате Римац, кој во изјавата по состоанокот истакна дека на состанокот кој ќе се одржи во седиштето на компанијата во Света Недела ќе и покаже на Владата што е битно за хрватската автоиндустрија.

„Освен тоа што сакаме Rimac Automobili да биде успешна компанија, сакаме нашите искуства да ги споделиме за автомобилската индустрија да инвестира во Хрватска. Сметаме дека е вистина штета што го пропуштивме бранот кога автоиндустријата тргна од Западна во Источна Европа и компании инвестираа во Словачка, Унгарија, Чешка, Словенија, сега се повеќе и во Србија, а Хрватска го преспа тој момент. Сега почнува нов бран инвестиции и ние сакаме да помогнеме за да привлечеме инвеститори во Хрватска” рече Римац.

Тој најави дека на состанокот ќе има и претставници од компаниите кои вече инвестираа во Rimac Automobili, Hyundai  и Porsche – Porsche инвестираше 18 милиони евра, а Hyundai и Kia инвестираа 80 милиони евра.

Римац вели дека на тој состанок ќе и покаже на Владата што е навистина битно за автоиндустријата. „Нашата улога е да укажеме што сметаме дека е важбно за автоиндустријата, а Владата ќе одлучи дали ќе оди во тој правец и ќе преземе потребни мерки за да дојдат инвеститори во Хрватска“ објасни Римац.

Тој додаде и дека подготвиле опсежна студија за тоа зошто досега автоиндустријата ја прескокнува Хрватска, а ќе ја претстави во петок.

„Денес државите се натпреваруваат на отворениот пазар исто како и компаниите. За да бидеме атрактивни за производителите мора да постојат компаративни вредности за да не земат предвид. За жал, моментално не сме на никоја листа кога се размислува за инвестирање“ заклучи Римац.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •