1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Дизајнерот на легендарните производи на Apple ја напушта компанијата

Kabtel desktop

За успехот на Apple на крајот на 90-тите години од минатиот и почетокот на овој век до статусот највредна компанија во светот со пазарна вредност поголема од милијарда долари најмногу се заслужни две личности. Едната е неповторливиот Стив Џобс, а другата е главниот дизајнер во компанијата Џони Ајв, чија креативност стои зад најпознатите уреди кои ги претстави Apple изминатите две децении – iMac, iPod, iPad и iPhone. Тој работел и на оперативниот систем за iPhone и на некои детали на новото седиште на Apple.

По речиси три децении поминати во компанијата Ајв вчера објави дека го напушта Apple и ќе се посвети на сопствената дизајнерска компанија LoveFrom. Неговото заминување од компанијата не значи дека ќе ги прекине сите врски со долгогодишниот работодавец затоа што првиот клиент на неговата компанија ќе биде токму Apple.

Секако дека Apple ќе има сопствен дизајнерски тим и тешко е да се каже колкаво влијае на развојот на новите производи ќе има соработката со Ајв и неговата нова компанија, но во разговор за американските медиуми Ајв нагласи дека и понатаму ќе биде интензивно вклучен во работата на Apple и ќе работи на ексклузивни проекти.

Ајв вели дека овој период е совршен за таква промена, а освен него, компанијата ќе ја напушти и Марк Њусон, кој во дизајнерскиот тим на Apple дојде пред пет години. Тој во иднина ќе работи со Ајв во LoveFrom. Со оглед на тоа колку е популарен Ајв во целиот свет, ќе биде интересно да се види кои компании ќе ги користат услугите на неговата компанија и дали ќе се ориентира само на потрошувачка електроника или и на развој, односно дизајн на други уреди.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •