12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Благоја Петрушев: Секој може да го понуди својот автомобил на Drivedrivecar и да заработи!

Живееме во свет на тотална мобилност во која навиката на луѓето да го резервираат своето летување преку booking ili airbnb стана вообичаена работа, веќе на никого не му е чудно да го изнајми домот од некој Французин кој живее во Париз додека истиот е на летување во Тајланд….Чудно, но светот ги менува традиционалните навики!

 

Денес разговараме со Благоја Петрушев, еден од основачите на drivedrivecar.com, платформа која има за цел да ги смени навиките при користењето на автомобилите во светот.

 

Можете ли накратко да ни објасните што претставува drivedrivecar.com?

Drivedrivecar.com најлесно можеме да го објасниме кога би рекле airbnb за возила. Меѓутоа, за оние кои не знаат што претставува airbnb, би рекле дека преку drivedrivecar.com можете да го поставите Вашето возило на платформата преку Вашиот профил, да ги дефинирате неговите специфики, да ја дефинирате Вашата цена, дури да ја дефинирате и Вашата целна група на потенцијални корисници кои би сакале да бидат Ваши пожелни корисници кои би можеле да го изнајмат Вашето возило. Едноставно, сами да генерирате дополнителен приход од своето возило во деновите кога не го користите.

Звучи интересна целата идеја, меѓутоа дали мислите дека граѓаните ќе се одлучат за таков начин на заработка?

Секој нов бизнис модел е осуден на „скепса“ или на наоѓање причини зошто нешто не би можело да успее, така е во Македонија но така е и во светот. Ние сме свесни за тоа и затоа не ги бришеме коментарите на лицата кои не ни се допаѓаат, туку сакаме со текот на времето да ги увериме дека модел кој функционира во Франција, Америка, Германија, Англија, може да функционира каде било во светот вклучувајќи ја и Македонија. Долго време работевме да изградиме партнерски однос со осигурителна компанија која ќе го покрие ризикот и тоа го решивме преку нашиот партнер СН брокер и осигурителната компанија Евроинс.

Дали возилата се осигурани, дали корисниците имаат некаква сигурност дека некој нема да ги оштети нивните возила?

Да секако, тоа е и причината зошто не може ваквиот бизнис модел да се активира побрзо на некој пазар, затоа што е потребно да се усогласат и дефинираат многу други работи, да се постават со цел корисниците да имаат сигурност од двете страни, и оние кои изнајмуваат возила, и оние кои се сопственици на возилата. Секој кој е сопственик на возило може да има своја полиса или да користи полиса која е специјално дизајнирана за овој проект и која го покрива осигурувањето во периодот додека возилото е изнајмено. Овде мислам на комплетно каско осигурување. Целиот процес на осигурувањето е автоматизиран и корисникот ја добива полисата по мејл.

Која е сигурноста на сопственикот дека возилото нема да му биде оштетено?

100% сигурност нема во ништо и тоа е добро познато, меѓутоа овде ризикот е сведен на минимум на неколку начини:

  1. Корисници на нашата платформа се лица кои го имаат пријавено својот идентитет и секако дека подлежат на кривична одговорност доколку направат штета,
  2. Корисниците оставаат депозит кој може да им биде намален за направената штета,
  3. Корисниците мора да водат грижа каков е нивниот рејтинг бидејќи оние кои ги огласуваат своите возила ги оценуваат по завршувањето на целокупниот процес, како и обратно,
  4. Корисниците од старт се пософистицирани корисници, кои знаат да управуваат со технологии, кои имаат своја кредитна картичка и кои сакаат да имаат свој рејтинг,
  5. Најважно, ние водиме сметка оние корисници или оние сопственици кои го рушат имиџот на платформата да ги отстраниме од платформата.

Ги споменавте кредитните картички, дали корисниците можат да му платат на сопственикот во готово?

Не, секоја резервација подлежи на плаќање преку системот кој го интегриравме во Македонија со Унибанка Скопје и кога некој ќе го резервира возилото во тој момент се резервира целокупниот износ кој е предмет на таа резервација.

Колку мислите дека еден сопственик може да заработи доколку го издава своето возило?

Сопствениците може да заработуваат различно, во зависност од тоа како сакаат да ја дефинираат својата стратегија во однос на цената. Меѓутоа секако податоците кои ги имаме од Франција ги сметаме за релевантни и таму сопствениците кои ги огласуваат возилата повеќе од 20 дена на месечно ниво оствариле дополнителен приход од 720 евра месечно.

Дали на платформата може да огласуваат возила само физички лица или и правни лица?

Да, на платформата може да огласуваат и правните и физичките лица, исто така и да изнајмуваат правни и физички лица.

Дали мислите дека и државните институции треба да ги огласуваат своите возила на платформата?

Прво, мислам дека државните институции треба да имаат само одреден број на возила кои се строго употребливи, а како второ секоја нивна потреба за автомобил треба да биде решлива преку класично изнајмување.

Нема ни една разумна причина некоја државна институција да има во свое сопствеништво на автомобили и истите ги одржува, сервисира и им паѓа амортизационата вредност. Кога знаеме дека просекот на користење на автомобилите не е повеќе од 2 часа дневно.

Едноставно, тоа е решливо преку мобилни изнајмувања кои ќе се случуваат плански и на едноставен начин, а оние кој во овој момент имаат автомобили треба да ги постават на платформата за да заработуваат во меѓувреме.

Секоја фирма па и која било друга институција треба да ја извршува својата работа максимално професионално, а оние споредни средства треба да ги изнајмува. Тоа е логично зарем не!

Како мислите дека ќе се изборите со конкуренцијата која владее во светот во однос на новитетите кои ги промовираат старт-ап компаниите кои се слични на Вашиот?

 Нема тука некој магичен одговор, се трудиме да не размилуваме „day-by-day“ и да бидеме како тим проактивни, да го слушаме пазарот, да бидеме прагматични. Секогаш има предности и мани и кога сте многу големи и кога сте мали, ние се трудиме како тим да ја гледаме нашата предност, точно знаеме што сакаме, што можеме, а што не сакаме и на тој начин ги дефинираме нашите следни чекори и во технолошкиот развој и во пенетрацијата на пазарите.

Во тој контекст, во 2019 година на кои пазари ќе биде активна drivedrivecar.com?

Се надеваме и планираме ако ја заокружиме финансиската конструкција дека во 2019 година ќе бидеме активни во Македонија, Србија, Словенија, Романија, Бугарија и Холандија.

Дали планирате и проширување на бизнис моделот со некои други услуги кои сакате да им ги понудите на корисниците?

Не само што планираме туку и работиме на некои од нив, меѓутоа имаме точна интерна динамика како да ги развиваме тие наши технолошки новитети и како да ги пласираме во јавноста. Во секој случај во следните две години ќе следат многу новитети од нашата развојна кујна.

На крајот, можеби сакате да им порачате нешто на нашите читатели а Ваши потенцијални корисници?

 Немам некоја генијална порака, меѓутоа би сакал да ги замолам да се регистрираат на платформата и со нас да го споделат искуството кое го имале. Без разлика дали се од страната на оние кои ги споделуваат своите автомобили или од страната на оние кои ги користат. Важно ни е искуството на корисниците кое сакаме да го добиеме и заедно да ги отстрануваме грешките и да ги подобруваме процесите.

 

Повеќе за платформата на: https://mk.drivedrivecar.com/ како и да ја симнете нивната Android апликација: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.drivedrive.car.ddc

 

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •