Oфицијално пуштен во употреба автопатот од Миладоновци до Штип

- Advertisement -

Автопатот Миладиновци  – Штип денеска официјално беше пуштен во употреба со церемонија кај Свети Николе во присуство на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

 

- Advertisement -

-Оваа нова автопатска врска Миладиновце-Свети Николе-Штип е исклучително важна за рамномерниот регионален економски развој. Се обезбедуваат услови за поефикасен и побрз транспорт на стоки, производи, луѓе, што е многу важен предуслов инвеститорите да ја мапираат земјата како стабилна и долгорочна бизнис дестинација која нуди услови за сигурност и мултиплицирање на нивниот профит, рече премиерот Заев.

Ова модерно автопаско решение, додаде, го спојува централниот дел на Република Северна Македонија и главниот град Скопје, со целиот источен регион. Граѓаните, рече Заев, добија модерно автопатско поврзување и можност побрзо да пристигнуваат до повеќе точки во источниот дел на земјата.

- Advertisement -

-Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. Десет отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто сите ние даночните плаќачи ќе го враќаме кредитот што е поволен за вакви инфраструктурни проекти. Овој модерен автопат е лице на новата, модерна Северна Македонија, рече премиерот Заев.

Информира дека ЈП за државни патишта планира пошумување на косините на автопатот со 600 илјади садници багрем на површина од 30 хектари.

- Advertisement -

-Вкупната должина на автопатската делница изенсува 47 километри со два коловози, со ширина на коловозот од 10,7 метри, со две возни ленти и лента за застанување со разделен појас од четири метри меѓу двата коловози. Вкупната дебелина на асфалтниот слој изнесува 19 сантиметри. Овој автопат има седум клучки кај Миалдинвоци, Средно Коњаре, Преот, Свети Николе-север, Свети Николе-југоисток, Кадрифаково и Три чешми. На автопатот има пет големи вијадукти, еден голем мост на река Пчиња, уште неколку помали моста, 13 натпатници, 35 потпатници и повеќе од 146 плочести цевасти пропусти, рече Китанов.

Градежните активности на автопатот Штип – Миладиновци се одвивале вкупно 4 години и 8 месеци, од мај 2014 до декември 2018 година, при што најголем интензитет на градење се случувал во периодот од 2017 до 2018 година. На оваа автопатска делница првично имала вредност од 226,7 милиони евра, но направена е заштеда од 44 милиони евра со што овој автопат е реализиран со вкупно 177,3 милиони евра.

Во автопатската делница, долга 47 километри се вложени 177 милиони евра, и по неа се вози од пред еден месец, со соодветна сигнализација.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки. Летово, според најавите, ќе се градат планираните две патарини на автопатот, кај Кадрифаково и кај Свети Николе. Долж автопатот е поставена челична одбојна ограда, мрежа за заштита од животни, оптички кабел, звучни бариери, службени премини.

 

Сподели!
- Advertisement -