25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

South Central Ventures инвестираше 400.000 евра во црногорскиот стартап Uhura Solutions

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Црногорскиот стартап Uhura Solutions кој развива напредно решение базирано на вештачка интелигенција, за дигитално читање и разбирање на говорот доби инвестиција од 400 илјади евра од фондот South Central Ventures. Средствата ќе бидат вложени во забрзан раст на работењето и развој на производот.

Од стартапот Uhura Solutions кој освен во Подгорица, има седиште и во Лондон, најавуваат дека ќе ја искористат инвестицијата за натамoшно подобрување на технологијата која ја развиваат, и за поголемо присуство во финансискиот и претприемничкиот сектор. Инаку, технологијата зад која стои црнoгорскиот тим се базира на вештачка интелигенција, значително би можела да го поедностави и забрза читањето и натамошното процесирање на документи и дoговори во финансиски и други институции.

На овој начин со помош на автоматизирана технологија која ќе ги замени мануелните методи, ќе се намали употребата на ресурси (луѓе и време) во компаниите, банките и други организации.

“Во изминатите години работевме во различни странски корпорации, вклучувајќи и банки, па морам да констатирам дека начинот на кој се обработуваат и процесираат документите денес се застарени. Не само од страна на корисниците, туку и д вработените во финансиските институции. Затоа одлучивме да направиме нешто по тоа прашање“, вели Ѓуро Стојановиќ, коосновач и извршен директор на Uhura Solutions.

За него е голема чест и признание инвестицијата од South Central Ventures фондот со оглед на докажаното искуство на овој фонд во поддршка на стартапи кои креираат софтвери за различни намени.

Uhura Solutions е формиран во 2018 година од страна на Ѓуро Стојановиќ, Бојан Тешиќ, Блажо Црвеница и Младен Марковиќ, тим на претприемачи од Црна Гора со големо техничко знаење . Овој стартап минатата година успешно помина во Barclays  акцелераторото поддржан од Techstars од Тел АВив, Израел.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •