6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Papa John’s направи мини-пица за пчели

Kabtel desktop

Светската популација на пчели опаѓа со драматичен интензитет, а во Обединетото Кралство веќе два вида на медоносни пчели исчезнаа локално. Со цел да се подигне јавната свест за овој проблем, британската франшиза на пица-брендот Papa John’s ја создаде првата пица во светот наменета за пчели.

Таканаречената “Beezza” (од “bee” = пчела) има дијаметар од само 2,5 сантиметри и на неа има различни цветови, полен, рузмарин и мајчина душичка. Мини-пицата беше направена од страна на популарниот готвач Том Витчарч кој минатата година го отвори првото „Училиште за мини-готвење“ во Британија.

Како дел од кампањата, дело на агенцијата W Comms од Лондон, брендот Papa John’s создаде и нова пица за луѓето, наречена “Bee Sting” („Пчелин убод“), која има чили, пеперони и мед. Преку нарачката на оваа пица онлајн, потрошувачите имаат можност да го донираат својот кусур на непрофитната организација Bumblebee Conservation Trust, која се бори да ги врати пчелите во оние региони на Обединетото Кралство каде што тие исчезнале.

Marketing365.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •