-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Топ 10 најздрави храни во светот

Kabtel desktop

Што значи здрава исхрана? Тоа значи консумирање различни видови храна кои на вашето тело ќе му ги обезбедат вистински хранливи состојки. Сепак, здравата исхрана воопшто не е лесна задача. За да ви помогнеме во изборот на најздравите продукти за вас, ви предлагаме листа со топ 10 најздрави храни во светот.

10. Темна чоколада

Умерената консумација на темната чоколада има големи бенефити по здравјето. Квалитетната чоколада содржи многу хранливи состојки како железо, магнезиум, влакна и бакар. Но, треба темната чоколада навистина да ја консумирате умерено затоа што е богата и со калории, па може да доведе до покачување на килограмите. Флавоноидите кои ги има во какаото има антиоксидансни ефекти, ги штити клетките од штетата која ја прават слободните радикали и го намалува штетниот холестерол во телото. Серотонинот, пак, делува како антидепресант и ви го подобрува расположението.

9. Банана

Кремастите и слатки банани имаат многу повеќе бенефити по здравјето отколку што мислите. Свежите банани ги има во текот на целата година и треба да ги вклучите во својата исхрана. Бидејќи бананите можат да помогнат со утринските мачнини кај бремените жени, ја намалуваат тензијата на мускулите, лечат дијабетес и го подобруваат здравјето на срцето. Немаат маснотии и се богати со хранливи состојки како витамин Ц, калиум, влакна, железо, витамин А и протеини. Дневниот внес на банани може да ја намали веројатноста за појава на астма.

8. Сладок компир

Слатките компири се достапни, не се скапи и се зеленчук кој е бодат со хранливи состојки. Тие се добар извор на витамин А, витамин Д, витамин Е, витамин Б6, калиум и калциум. Не содржат масти и се богати со диететски влакна и антиоксиданси. Влакната помагаат да се подобри дигестијата на храната, а ансиоксидансите штитат од појава на канцер и помагаат за здравјето на очите.

7. Спанаќ

Спанаќот е богат со хранливи состојки листесто растение кое има огромни бенефити по здравјето. Спанаќот е богат извор на витамините А, Ц, К, Б2, а содржи и железо, калциум, калиум и магнезиум. Консумацијата на спанаќ е одлична за вашата кожа, за здравјето на коските и за косата. Ефективните антиоксиданси присутни во спанаќот како лутеинот и зеаксантинот се одлични за дрваи очи, а бета каротенот помага во борбата со ракот и спречува појава на астма. Дневниот внес на спанаќ може да ја подобри ефикасноста на мускулите, а добар е и за регулирање на глукозата и инсулинот во крвта.

6. Лук

Лукот со векови се користел како природен лек. Тоа е најчестата состојка која се користи за додавање вкус на храната во целиот свет. Лукот е богат со хранливи состојки и има малку калории. Има одлични антибактериски, антифунгални и антивирусни својства благодарение на состојката наречена алицин. Алицинот може да го намали и крвниот притисок, а и да го намали ризикот од канцер на дебелото црево. Високите дози на лук во организмот може да ги зголемат антиоксидансните ензими во телото, да штитат од болести на мозокот и од стрес. Состојката ахоен може да ги разложува грутките во крвта, да лекува болести на кожата, а може и да го регулира нивото на шеќер и инсулин во крвта.

5. Лосос

Рибата лосос е полна со витамини, минерали и протеини. Ова е една од најдобрите храни што можете да ги вклучите во диетата. Избирајте само диви или органски лосос затоа што многу од рибите лосос кои ги гледате по маркетите и имаат убава корална боја се преполни со боја. Лососот содржи две многу битни омега 3 киселини: EPA и DHA. Тие спречуваат кардиоваскуларни заболувања, болести на мозокот, го намалуваат воспалението и спречуваат формирање на грутки во крвта. Природниот хормон, пак, наречен калцитонин го регулира нивото на калциум во телото и помага за поздрави коски и поглема густина на коските. Витамините Д и селенот го регулираат нивото на инсулин во телото.

4.Орев

Датирајќи од пред 10.000 години пред нашата ера оревите се најстарото познато дрво со плодови во светот. Главно се одгледува во САД, Франција, Романија и во Кина, а е одлична здрава храна и има повеќе медицински својства. Оревите содржат битни омега 3 киселини – линоленска, алфа-линоленска и арахидонична киселина. Дневниот внес на ореви го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, од болести на дебелото црево и од болести на срцето. Хемикалиите како мелатонин, каротеноидите и елагичната киселина го смируваат воспалението, го забавуваат стареењето и спречуваат појава на невролошки заболувања.

3. Авокадо

Авокадото или т.н. алигаторска круша е здраво овошје кое се култивира од 8.000 година пред нашата ера во Јужна Америка. Денес во голема количина се произведува во Мексико, Чиле, Доминиканска Република и во САД. Авокадото е богато со многу битни минерали и витамини како што се витамините А, Д, Ц, Б6, Б12, магнезиум, калциум и железо. Може да го намали ризикот од гојазност, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Исто така, помага за намалување на холестеролот во крвта.

2. Јаболко

Сочните јаболка се една од најздравите храни во светот. Тие се моќен извор на хранлизи состојки затоа што се богати со диететски влакна, фитонутриенти, тиамин, рибофлавин и витамин Б6. Исто така, јаболката имаат малку калории и многу бенефити по здравјето. Редовното консумирање јаболка го намалува ризикот од Алзхајмер и го одржува мозокот здрав и активен. Штитат и од појава на Паркинсонова болест и го подобруваат кардиоваскуларното здравје. Антиоксидансните својства го подобруваат имунолошкиот систем, спречуваат појава на катаракта и го намалуваат ризикот од астма, канцер и мозочен удар.

1. Бадем

Бадемот е одлична храна за велнес и општо здравје. Има повеќе бенефити по здравјето отколку кои било други јаткасти плодови, а се богати и со антиоксиданси, протеини и минерали. Бадемите содржат масни киселини кои го намалуваат нивото на штетниот холестерол и го покачуваат нивото на добриот холестерол. Омега 3 киселините во бадемот го регулираат нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок, ги намалуваат маснотиите во телото, го подобруваат имунолошкиот систем и ја одржуваат мускулната маса.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •