-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Вештачка интелигенција ќе и помага на Даночната управа во Нови Сад

Kabtel desktop

Природно-математичкиот факултет од Нови Сад во соработка со Даночната управа почна еден нов вид соработка, односно обработка на големата количина податоци со кои располада даночната управа. Заедничката идеја има за цел со анализа да се зголеми конролата и да се оствари што подобра инспекција. Една од причините за соработката е и малиот број инспектори со кои располага управата.

Со примена на вештачка интелигенција и правење алгоритми се овозможува поквалитетна анализа на однесувањето на одредени даночни обврзници. Штом во Даночната управа ќе се запали црвена сијаличка, инспектор ќе излезе на терен и ќе ја посети фирмата. Сијаличката се пали ако некои однесување на компаниите отстапува од вообичаените параметри.

Анализата на ризиците веќе дава резултати. Во 2018 година биле извршени вкупно 13.281 теренски контроли, што е речиси 5.000 помалку отколку во 2017 година, а истовремено се утврдени поголеми новооткриени приходи и тоа за 61% во однос на 2017 година. Пресметаните новооткриени приходи во 2018 година изнесувале околу 2,2 милиони евра и најмногу се однесуваат на ДДВ, данок на добивка, даноци и придонеси по одбитоци и акцизи.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!