12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Веќе ги потрошивме ресурсите на Земјата за 2019 година и сега трошиме од тие за 2020

Kabtel desktop

Почнувајќи од вчера луѓето ќе консумираат повеќе ресурси до крајот на 2019 година отколку пто може да се регенерираат. Тоа го покажуваат податоците на организацијата Global Footprint Network (GFN), која го пресметува денот кога Земјаните ќе ги истрошат своите резерви за тековната година уште од 1986 гоидна.

Годинава тој ден беше 29 јули, што значи дека човештвото сега го троши тоа пто го создава природата 1,75 пати побрзо отколки што може да регенерираат екосистемите на Земјата. Во пресметките на GFN се вклучени потрошувачката на храна, на дрва на огрев, на влакна, на јаглен итн. Моментално емисијата на јаглерод диоксид од согорувањето на фосилните горива изнесува 60% од вкупната количина отровни гасови што ги испуштаме во атмосферата.

Според калкулациите на GFN, некои земји го достигнуваат денот кога ќе ги истрошат сите годишни ресурси побрзо од другите. На пример, Катар и Луксембург го достигнуваат тој ден околу два месеци по почетокот на новата година, додека САД, ОАЕ, Кувајт, Канада, Данска и Австралија ги истрошуваат своите ресурси пред крајот на март. Израел и Германија годинава тој ден го достигнаа на 3 мај, а само Куба, Никарагва, Ирак, Еквадор и Индонезија нема да го достигнат тој ден до декември годинава. 

Годишниот еколошки дефицит за првпат се појавил во 70-тите години од минатиот век и го компромитирал регенрративниот капацитет на Земјата. Во 1993 година денот кога е истрошиле сите Земјини ресурси паднал на 21 октомври, во 2003 гоидна на 22 септември, а во 2017 година на 2 август.

Цената која ја плаќаме за преголемата консумација на ресурси ја плаќаме со намалување на шумите, ерозија на земјиштето, губење на биодиверзитетот или со наталожувањето на јаглерод диоксид во атмосферата. Тоа, пак, води до сериозни климатски пркмени и се почести екстремни временски појави.

Кога денот на истрошување на резервите би се поместувал назад по 5 дена годишно, глобалната консумација до 2050 година ќе се изедначи со годишното регенерирање на ресурсите, покажуваат анализите на GFN. На пример, ако се замени 50% од месото кое се консумира со вегетаријанска храна, датумот на истрошување на резервите ќе се помести за 15 дена, а намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид за 50% ќе го помести тој ден за 93 дена.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •