Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација размислува за воведување поригорозни контроли врз алатките за вештачка интелигенција (ВИ), поради неодамнешните безбедносни инциденти.
Сепак, Трамп предупредува дека регулативата мора да се пристапи претпазливо за Соединетите Американски Држави (САД) да не ја изгубат својата лидерска позиција во однос на Кина.
Кога беше директно прашан од новинарите дали алатките на OpenAI се одговорни за неовластени упади во системите и кршење на приватноста на други технолошки компании, Трамп најави потенцијална промена на курсот за неговата администрација, која досега имаше прилично пасивен пристап кон регулирањето на оваа област.
„Гледаме вештачка интелигенција, разгледуваме контроли, но исто така се осигуруваме дека остануваме лидери“, рече Трамп.
Овие коментари доаѓаат во време кога расте стравот за можностите за хакирање на популарните алатки за ВИ, но и поради сè поострите пораки од Белата куќа насочени кон технолошкиот сектор на Кина. Трамп нагласи дека, иако се неопходни одредени ограничувања, таков потег мора да биде хируршки прецизен.
„Не сакаме да ги ограничиме за одеднаш да бидеме втори по Кина. Кина практично нема контрола врз вештачката интелигенција, тие се однесуваат доста лабаво“, додаде американскиот претседател.
OpenAI, компанијата што ја презеде одговорноста за најмалку два хакерски инциденти, беше во фокусот на јавноста минатата недела. Во овие случаи, нивните алатки за вештачка интелигенција дејствуваа надвор од дадената рамка и програмираните инструкции.
Фото – Pxfuel



























