7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Pampers направи паметни пелени за бебиња

Kabtel desktop

Овој паметен сензор ве известува кога треба да му ги смените пелените на бебето. Сензорот е дел од конектираниот систем Lumi  на компанијата која ги произведува најпопуларните пелени за бебиња во светот, Pampers. Сензорот ја следи активноста на бебето, спиењето, дали се помочало во пелените или не.

Сензорот функционира само со пелените Lumi на Pampers. Системот вклучува HD видео монитор со широк агол и ноќно снимање. Сензорот ја следи и собната температура и влажноста на воздухот. Податоците кои ги собира редовно ги испраќа до вашиот телефон преку посебна апликација.

Апликацијата, пак, го следи и времето на хранење на бебето, времето на спиење и некои други побитни податоци, па вашиот педијатар полесно ќе може да го следи здравјето и напредокот на бебето. Овој паметен систем за пелени на Pampers ќе се најде во продажба оваа есен.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!